Спас во последен час: Торта готова за 15 минути

Наместо за време на празничниот период да го минете сето слободно време во кујната, ви прикажуваме сладок и брз рецепт за чоколадна торта готов за 15 минути.

Состојки:

– 30 грама какао во прав
– 90 грама брашно
– Малку сол
– Прашок за пециво
– 20 грама шеќер
– 6 мали лажици кокос или растително масло
– 80 мл. млеко
– Половина лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Се мешаат сите суви состојки. Потоа додадете ги и течностите и измешајте сè. Смесата се става во помал калап и печете 14 минути во рерна на 170 степени целзиусови. На крајот, стопете чоколадо на пареа и полиете ја тортата.

На здравје!

- Реклама -