Ако може да му се верува на селекторот на Шпанија, Винсенте дел Боске, тогаш во вечерашното финале од Европското првенство 2012, ќе видиме напаѓачи во неговата екипа.
Дел Боске вели дека „Црвената фурија“ ќе истрча на теренот со тројца напаѓачи затоа што сака да ја одбрани европската круна освоена пред четири години. Но, фудбалска јавност не му верува, сметајќи дека тој поинаку ги гледа своите „напаѓачи“ во составот.
Можеби за него е напаѓач и доколку Цеск Фабрегас добие улога како „лажна деветка“, а Иниеста и Давид Силва бидат по страничните позиции. Никој нема да биде сигурен додека Дел Боске вечерва, еден час пред натпревар не го соопшти официјалниот стартен тим на Шпанија.
„Ќе играме со тројца напаѓачи, но комплетниот тим ќе треба да им помогне. Наша обврска како прваци е да напаѓаме, но исто така мораме и квалитетно да се браниме. Италија исто така нема да игра дефанзивен фудбал. Не играа дефанзивно на ниту еден меч од ова ЕП, тој стил е веќе во нивната историја“, изјави Висенте дел Боске во пресрет на вечерашното големо финале во Киев, со почеток во 20.45 часот.