SpaceX ја изведе првата комерцијална прошетка во вселената

На снимката, која одеше во живо, можеше да се види технолошкиот милијардер Џаред Исакман и инженерката од SpaceX, Сара Гилис како излегуваат од капсулата „Crew Dragon“ во вселенски одела на висина од 740 километри над Земјата.

Тие пред два дена полетаа заедно со уште двајца членови на екипажот од комплексот Кејп Канаверал во Флорида.

Астронаутите тестираа нов вселенски костим дизајниран за потенцијални мисии на Месечината и Марс. Исакман и Гилис цело време биле прикачени на леталото, примајќи кислород преку црево. Вселенските прошетки беа извршени по задоцнување за кое SpaceX се уште не ги објави причините.

Поранешниот германски астронаут Улрих Валтер изјави дека шетање во вселената е потенцијално опасен маневар и дека астронаутите во Меѓународната вселенска станица (ISS) обично имаат неколку недели адаптација пред да излезат во вселената.

Прочитајте и:  Научниците се жалат дека сателитите „Старлинк“ на Илон Маск пречат на истражувањата

Сепак, Валтер додаде дека фактот што ниту еден од четворицата членови на екипажот не е конвенционално обучен астронаут е „знак за напредок за вселенското патување“.

За Волтер, мисијата Polaris Dawn не е толку научно достигнување колку демонстрација на можностите на вселенскиот туризам.

„Се работи за тоа на луѓето да им се покаже дека дури и лица кои не се исксуни астронаути може да шетаат во вселената“ вели тој.

Извор: Индекс

- Реклама -