СП2022: Утрешниот ден државен празник во Саудиска Арабија, откако ја победи Аргентина

Саудискиот владетел, кралот Салман, го прогласи утрешниот ден за државен празник во земјата, а по повод денешната сензационална победа на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија над Аргентина (2-1) на Светското првенство во Катар.

Среда ќе биде неработен за сите вработени во јавниот сектор, а затворени ќе останат и училиштата и факултетите.

Саудиските власти, исто така, соопштија дека влезот во три забавни паркови во земјата утре ќе биде бесплатен за сите.

„Илјадници честитки, јунаци“, се огласи на Твитер саудискиот министер за спорт Абдалазис бин Турки Ал-Фајсал, по триумфот на националниот тим над Аргентина.

Секој саудиски репрезентативец, за победата која силно одекна во фудбалскиот свет, ќе биде награден со по 1.5 милиони долари.

МИА

- Реклама -