Научници демонстрирале дека пламенот на свеќа е исполнет со милиони микроскопски дијаманти. Според груба пресметка, околу 1,5 милиони дијаманти се создаваат секоја секунда. Но ако помисливте дека тоа е начин за збогатување ќе бидете разочарани бидејќи скапоцените камења се толку мали што 300.000 од нив би можеле да се сместат на врв од игла. Исто така, тие исчезнуваат додека да трепнете.
Но ако научниците можат да смислат начин за искористување на оваа појава, луѓето би можеле да користат обична свеќа и шкорче за „растење“ дијаманти. Покрај тоа што ваквите дијаманти би чинеле само мал дел од цената на „вистински“ дијаманти, тие исто така би биле етичка алтернатива на дијамантите кои излегуваат од африкански воени зони. Алтернативен извор на дијаманти би можел да биде и стимул за индустријата, каде што овие неверојатно цврсти камења се користат за сè од сечила до вештачки колкови.
Идејата потекнува од научник од Сејнт Ендрус Универзитетот кој бил предизвикан да открие што точно се наоѓа во пламенот. Вузонг Жу, професор по хемија, изјавил: „Колега од друг универзитет ми рече: ,Нормално, никој не знае од што точно е направен пламенот на свеќата.’ Јас му одговорив дека верувам дека науката може да објасни сè ако има доволно време, па затоа решив да откријам.“
Професорот измислил филтер кој му овозможил успешно да извлече честички директно од центарот на пламенто, каде што температурата достигнува максимални 1400 степени целзиусови, по што ги проучил. На негово изненадување, тој открил дека јаглеродот од восокот ги создал сите четири типови на чист јаглерод, вклучително дијаманти и графит. Чистиот јаглерод може да оформи многу различни структури во зависност од тоа како атомите се распоредуваат и како се поврзуваат меѓу себе.
Професорот Жу додал: „Ова беше изненадување бидејќи секоја форма обично се создава под различни услови. За жал, честичките од дијаманти согоруваат во процесот и се претвораат во јаглерод диоксид, но ова засекогаш ќе го промени начинот на кој го гледаме пламенот од свеќа.“ Тој сега планира да го анализра пламенот од скара за да одреди дали и таму можат да се најдат ситни дијаманти – и дали истите се префрлуваат на печеното месо.
Роузи Барнет, ументички дирекотр во Shearer Candles, еден од најголемите производители на свеќи во Шкотска, изјавила: „Отсекогаш зневме дека свеќите додаваат сјај во собата, сега научно истражување ни овозможи да разбереме зошто.“ Откритието биле предвидено пред повеќе од 150 години од страна на Мајкл Фарадеј, таткото на електрицитетот. Во предавање за хемиската историја на свеќата, одржано во Лондон во 1860 година пред престижното Royal Society, тој рекол дека светлото од свеќа „ја има сјајната убавина на злато и сребро, и уште повеличествениот сјај на скапоцени камења како рубини и дијаманти; но ниту еден од нив не може да биде ривал на брилијантноста и убавината на огнот“.
Дијаманти и претходно биле создавани со согорување на гас, но професор Жу е првиот кој покажал дека скапоцените камења се создаваат во нешто толку едноставно како пламен од свеќа. [Flickering candle flame contains ‘millions of tiny diamonds that are created and disappear’]