Создавањето на афро – американската уметност

„Создавањето на афро-американската култура“ е официјална презентација на магистерскиот труд на Александар Ковилоски, одбранет на Институтот по социологија при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје под наслов „Осознавањето на афро-американската уметност преку уметничкото изразување во ХХ-от век“.
Замислена е во четири дела, кои хронолошки ни ги објаснуваат начините на влијание на афро-американската уметност во креирањето на афро-американскиот културен идентитет во текот на ХХ-от век.
Користената литература од преку 100 социолошки, антрополошки и културолошки текстови би требало да го задржат вниманието на читателите кои би сакале да ги надградат своите теориски размислувања во врска со расните прашања и политиката поврзана со нив, културната репродукција, културната асимилација и културниот идентитет.

Книгата содржи 129 страници, а издавач е Академски Печат.

Бидејќи целта на ова дело е да стигне до повеќе луѓе, можете бесплатно да ја разгледате и симнете од http://hiphopmacedonia.com/magazin4.pdf.

Доколку ве интересира оваа тема, дефинитивно се работи за книга од која што можете да дознаете многу.

- Реклама -