Создадоа лажен град во кој се тестираат автомобили без возачи

На самиот почеток на оваа недела, универзитетот во Мичиген, заедно со транспортната служба на градот, отвори ново тест – игралиште, каде автомобилските производители и добавувачи на технологии ќе тестираат автомобили без возачи во контролирана средина.

Наречен Mcity, овој симулатор на градска и приградска средина е прв од ваков вид и вклучува мрежа од патишта со раскрсници, сообраќајни знаци и сигнали, улични светилки, лажни фасади на згради, тротоари и пречки, како и градежен објект со бариера.

За разлика од јавните улици, многу од елементите во Mcity се подвижни, што ќе им овозможи на инженерите да создаваат комплексни крстосници, слепи улици и сите видови на услови кои може да се замислат.

1

Прочитај повеќе: Ова се автомобилите на иднината – без возач и многу скапи

Во прилог, Mcity ќе вклучува и роботски пешаци кои ќе излегуваат среде сообраќајот неочекувано, за да се види колку добро автономните возила реагираат на нив.

„Ние никогаш нема да направиме опасни и ризични тестови на отворен пат, па затоа, ова ќе биде добро место да се тестираат некои од технологиите на иднината”, вели Хидеки Хада, генерален менаџер за електронски системи во Техничкиот центар на Toyota во Ен Арбор.

Пазарот на беспилотна технологија се очекува да порасне до 42 милијарди долари до 2025 година, а автономните автомобили се очекува да изнесуваат една четвртина од глобалната автомобилска продажба до 2035 година, според Boston Consulting Group.

2

- Реклама -