25-годишната уметница Ноел Освалд создава надреални автопортрети.
Во црно-белите фотографии ретко се гледа лицето, а акцентот е ставен на составот, формата и содржината.
Таа обожува црно-бела техника бидејќи вели дека често боите го одвлекуваат вниманието од суштината.
„Никогаш не сум сакала да им сугерирам на гледачите што треба да видат на моите слики. Тоа е причината зошто не сакам да ставам опис на нив. Нека мојата работа говори самата за себе, и секој нека се чувствува слободен да ја согледа самиот сопствената емоција“, вели Ноел.
И навистина, разгледувајќи ги сликите во редакција, сфативме дека сите ги толкуваме поинаку.