Како се мери тежината на атом до последниот протон? Со вага која е толку прецизна што може да ја измери најмалата единица мерка за тежина – јоктограм. Ниедна обична вага не го може тоа – најмалите тежини се мерат со помош на наноцевки.
Наноцевките вибрираат на различни фреквенции зависно од масата на честичките или молекулите поставени на нив. До сега 100 јоктограми – десетина од зептограм – била најмалата маса која можела да биде регистрирана од најчувствителниот сензор. За да достигнат поголема чувствителност, Адриан Бахтолд и неговите колеги од Каталонскиот Институт за Нанотехнологија во Барселона, Шпанија употребиле куси наноцевки.
Тие даваат најдобра резолуција и функционираат на ниските температури кои се најдобри за мерење на фреквенција. Иако опремата била поставена во вакуум за да се минимизираат пречките од други атоми, Бахтолд ги отстранил залутаните атоми со привремено зголемување на температурата на наноцевките за да го спречи поврзувањето со атоми. По тоа сензорот успеал да измери атом на ксенон до најблискиот јоктограм или 10-24 грама.
Ова значи дека се работи за првата вага која може да измери еден протон кој тежи 1,7 јоктограм. „Чувствителноста од еден Јоктограмот постигнат од шпанскиот тим е навистина спектакуларна ‐ следниот предизвик ќе биде рутинско производство на сензори со наноцевки за мала цена“ изјавила Рејчел Мекендри, нанонаучник од University College London. Бахтолд се надева дека вагите би можеле да бидат употребени за правење разлика помоѓу различни елементи во хемиски примероци кои би можеле да се разликуваат во само неколку протони. [World’s most sensitive scales detect a yoctogram]