Група научници од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон создадоа заштитна маска којашто може да ги неутрализира честичките со коронавирусот кои паѓаат на неа, пренесува во саботата весникот La Razon.
Во написот се истакнува дека ваквиот екфект се постигнува благодарејќи на неколку воотпорни слоеви и специјалната иновативна ткаенина со специјална обвивка.
Во текот на тестирањето, истражувачите ја натапиле маската во раствор со молекули на коронавирусот, и притоа 99 отсто од нив ги загубиле своите својства по еден час.
Маската означена како MoxAdTech (iMM),, како што велат научниците, е наменета за повеќекратна употреба. Во текот на експериментите на кои била подложена оваа иновација во францискиот Институт Пастер, се покажало дека таа може да биде испрана најмалку 50 пати.