Функционални направи за невидливост постојат уште од 2006 година, но тие се далеку од совршени. Сите претходни обиди имале една заедничка мана – нецелосна рефлективност – која резултира со неубедлив резултат.
Дел од проблемот е да се најде начин да се скрие предметот од бранови должини кои се невидливи за човечкото око, или криење на предмети кои се премногу мали за да бидат видливи. Но демонстрација на нова направа на Duke University покажува дека вистинска невидливост е возможна.
Дејвид Смит објаснил за BBC: „Колку што знаеме ова е првата направа која има точна трансформација и обезбедува совршена невидливост.“ За нејзино остварување Смит и Нејтан Ленди користеле таканаречени „мета-материјали“ комплетно синтетички предмети кои имаат особини кои не можат да бидат најдени во природни материјали.
И во согласност со стандардниот модел за невидливост, овие мета-материјали можат да бидат дизајнирани да ги водат електромагнетните бранови околу одреден предмет и ги насочуваат на спротивната страна – што изгледа како светлината да минува низ предметот и го дава ефектот на невидливост. [A full-parameter unidirectional meta-material cloak for microwaves]