Совршен спој на светлосно шоу и екстремен спорт

Изгледа како сцена од научнофантастичен филм, но тука нема ништо од специјалните ефекти на холивудските уметници. Арнолд Даниел и Штефан Зигрис се професионални планинари со долгогодишно искуство во најтешките планински експедиции. Заедно со фотографот алпинист Томас Зенф тие ја создаваат оваа серија од уникатни фотографии кои се направени во  Eidfjord,  во северниот дел на Норвешка со шарени сигнални ракети, рефлектори и фенери на заштитните шлемови.

eidfjord07 eidfjord04

Лоциран на три часа пат источно од градот Берген, овој предел  е познат по своите бројни замрзнати водопади, достигнувајќи височина од 500 м и повеќе.

eidfjord05

Тројцата комбинираат вистинско светлосно шоу со екстремен спорт.

Речиси целата подготвителна работа за фотографиите  е извршена во текот на ноќта во ниските температури.

eidfjord03

 

„Снимањето ноќе е тешко, затоа успехот зависи од правилното поставување на опремата ,” вели  фотографот. За нас останува само да уживаме во глетката.

- Реклама -