Во својот серијал наречен АВТОбиографија, CARclub зборува со Владимир Спировски, кој има многу што да раскаже за неговиот прекрасен мал Fiat 500!
Од 8 до 5 е сериозен и посветен адвокат, а после 5 и за викенди Владимир е несериозен дечко со голема љубов и пасија за скоро сé што е на моторен погон, ќе рече тој самиот. Желба му е да направи мини колекција од возила кои за него имаат некаква вредност.
Зошто Fiat 500?
Зашто насекаде буди позитивна енергија и му има посебен шмек од другите олдтајмерите, иако тие се подостапни, вели Владимир. Како стигнал до Фиатчево е приказна сама за себе.
Денес тие двајцата се во среќна љубовна врска, иако живеењето со стара кола Владимир го опишува како живеење во стара куќа. Што значи тоа, како и многу други пикантерии од нивната љубовна (и финансиска) врска и судбината што ги споила, прочитајте во целото интервју на CarCLUB. Ние овде ви приложивме само дел од галеријата и приказната, колку за да знаете што пропуштате.