Како да го направите совршеното кафе

Гурманското кафе од селектирани видови кафиња може максимално да вреди за цената, меѓутоа нема потреба да трошите добар дел од платата за секојдневно да купувате вкусно кафе за носење.

Прочитајте ги овие пет совети со кои ќе бидете сигурни дека кафето што ќе го направите во домашни услови ќе биде одлично и бар неколку пати подобро од она што може да го купите од локалното кафуле.

  • Кафето нека биде најсвежо што е можно, идеално е ако користите свежо мелено кафе пред секое варење.
  • Користете свежа вода секој пат кога ќе го варите.
  • Ако го складирате кафето во метални кутии, чувајте помала количина, затоа што ако ја чувате целата содржина од една кесичка, ризикувате да се создаде многу влага.
  • Не случајно во кафулињата кафето се служи во топла шолја, затоа кога го правите дома прво наполнете ја шолјата со топла вода, истурете ја по неколку секунди, а потоа сипете го кафето.
  • Користете меѓу 10 и 20 грама или една кафена лажичка за доза за едно лице. [How to make the perfect pot of coffee]

Го направивте ли? Пишете ни дали навистина е совршено.

- Реклама -