Советот на Европа ја критикува Полска поради односот кон германското малцинство

Советот на Европа го критикуваше односот на Полска кон германското малцинство во таа земја и негативните последици од намалувањето на часовите по мајчин јазик на само еден час неделно, како и отстранувањето на двојазичните табли.

„Извештајот на експертите кои беа во Полска во март оваа година ги наведува очигледните негативни последици од намалувањето на часовите по германски јазик во септември минатата година“, се вели во соопштението на Советот на Европа. Извештајот препорачува враќање на три наставни часа неделно.

Советот на Европа очекува „зголемени напори“ од владата во Варшава за подигање на социјалната толеранција кон јазичните малцинства и културното наследство.

Друга точка на критика се однесува на слабата застапеност на германскиот јазик во јавната администрација, како и отстранувањето на повеќејазичните табли од некои градови во југозападна Полска.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Според полските закони, двојазичните знаци и употребата на јазикот на малцинствата во јавните служби се практикуваат во оние локални единици каде одредено малцинство сочинува повеќе од 20 отсто од населението.

МИА

- Реклама -