Советничката плата не е доволна, привлекувам инвестиции на сопствен трошок – му порача Бошкоски на Мицкоски, викајќи го на ТВ дуел

Лидерот на Обединети за Македонија – Љубе Бошкоски, подготвен е да направи пауза од привлекувањето на инвестиции и наместо тоа да се соочи на дебата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.

Поканата Бошкоски ја упати преку Фејсбук, а истата е одговор на, како што вели тој, тоа што Мицкоски, криејќи се зад други луѓе, јавно го прозвал на прес.

Прозивката, пак, се случува во момент кога деновиве во јавноста актуелна е темата за советниците на премиерот Зоран Заев и нивните високи плати (особено во време на пандемија). Во повикот до Мицкоски, меѓутоа, Бошкоски посочува дека со советничка плата не е лесно да се живее:

„Ти одговарам подоцна, бидејќи синоќа во Загреб имав состанок со потенцијални инвеститори за обновливи извори на енергија, а денес сум вo Грaц нa сoстaнoк со можни инвеститори во градежништвото и инфраструктурата.

Прочитајте и:  Мицкоски: Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот, ќе се покаже кои се пратениците

Сето го правам на сопствен трошок, бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на Татковината, без да побарам ниту денар дополнителни трошоци.

И тука ние се разликуваме – во моето дејствување и твоето, се сеќаваш, упорно, бесрамно и невистинито тврдење дека си бил само про-боно советник на Груевски, во време кога тој со над 90 советници трошеше 1.73 милиони евра народни пари.
Да е само тоа… Се сеќаваш, за темава, а и други битни нешта, уште пред речиси една година те пoвикaв нa ТВ дебата – пред целaтa мaкедoнскa јавност“, му пишува Бошкоски на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со порака:

„Па, охрабри се Мицкоски – излези нa дебaтa сo Љубе Бошкоски! Можеби ќе останат изненадени членовите на ДПМНЕ зад кои сега се криеш“.

- Реклама -