За да ја зајакнете косата пред сѐ треба да престанете да ги правите малите грешки во нејзиното негување, кои, кога ќе се соберат, всушност довеле до тоа да ви биде сува и оштетена.
Прочитајте ги четирите правила за здрава и сјајна коса:
1.Косата не треба да ја миете повеќе од три пати неделно, но ако морате, тогаш и понатаму може да ви остане здрава и сјајна. За сите типови коса најважно е да користите добри препарати кои истовремено ја зацврстуваат и обновуваат косата и спречуваат нејзина кршливост.
2.Шампонот нанесувајте го само на темето и немојте претемелно да го шампонирате остатокот од косата. Ако премногу ја триете косата особено на врвот на главата, ќе создадете чворови, објаснува фризерот Натаниел Хокинс. Имајќи предвид дека косата е најкревка додека е мокра, чворот ќе ќе предизвика нејзино пукање.
3.Не ја чешлајте косата додека е мокра. Нежно впијте го остатокот од вода со пешкир, без триење. Поминете со прстите низ косата и нанесете регенератор. Можете тогаш да ја исчешлате, но внимавајте да имате добра четка која не мора да биде скапа. Важно е да има заоблени врвови, а не остри.
4.Кога ќе ја измиете косата обвиткајте ја со пешкир. Не ја собирајте во репче. Пред да почнете да ја сушите со фен нанесете крема или спреј за термална заштита.