Совети за уредување на мал стан

Животот во мал простор не значи и декорирање во „мал“ стил. Обидете се да ги искористите овие идеи за уредување, ќе видите дека вашиот малечок стан никогаш не бил толку широк и просторен.

Дизајнерите од студиото „Michelle Williams Interiors “ откриваат неколу тајни за уредување на мали станови.

Ова се професионалните совети кои ќе ви го разубават ентериерот и ќе ви го олеснат животот.

Пуштете светлина! Освен големи прозорци, пожелно е да имате и доволно високи лапми кои ќе ја насочуваат светлината кон горе. Не заборавајте на ќошевите. Ако тие се темни, животниот простор ќе ви изгледа помал.

Вашиот мебел нека биде мултифункционален. Тоа значи дека едно парче мебел треба да има повеќе намени. На пример, клуб масичката да има фиоки, гарнитурата да може да се спушта и сл.

Користете едноставни бои. Шаренилото само ќе го смали вашиот простор. Секогаш одберете ги основните неутрални бои на кои можете да додадете детали во поживи бои, за да го направите просторот поинтересен.

Поиграјте си со текстурите. Разиграјте го просторот со интересни мотиви. На пример, дијагонален дизајн на тепихот е добра идеја.

Огледалата прават чуда во мал простор. Поставете ги така што ќе рефлектираат нешто што е вредно да се гледа, а притоа вашиот животен простор ќе изгледа многу поголем.

Поставете завеси од плафонот до подот, така што ќе создадете илузија на висок плафон.

Проѕирните столчиња и ламби визуелно го зголемуваат просторот. Размислете за ламби со стаклени детали, столчиња од плексиглас и слично.

- Реклама -