Иако уште не е започната сезоната на летни одмори, многу девојки веќе стартуваа со објавување на фотографии од море, базен или езеро и плажа.
Ако се нервирате што ви се познаваат недостатоците на телото, додека ги прегледувате фотографиите, ви нудиме неколку совети, со чија што помош ќе ги прикриете истите.
- Подигнете ја брадата, исправете ги рамената и насмевнете се.
- Ставете ги нозете една до друга и подигнете се – тоа ќе ја направи вашата фигура поизразена и ќе создаде ефект на издолжени нозе.
- Прекрстете ги нозете, вовлече го стомакот, исправете го грбот и поставете ги рацете на половината.
- Обидете се да се држите на лактот, а не да легнете целосно. Допрете ги колената едно до друго.
- Ако се фотографирате во профил, не се опуштајте со телото.
- Ако седите – повторно, стегнете се. Ова правило не се однесува само за време на сликањето.
- Крупната фотографија е најдобро да ја правите малку свртени на страна, со крената брада.