Совети за преживување на отворено море

Да бидеме реални, шансите тоа да ви се случи се мали. Ама фино е да се знае, а ќе наидете и на некои нови и интересни информации.

Пред неколку месеци, на Маршалските Острови беше најден рибарот Хозе Алваренга, заедно со неговиот рибарски брод, 16 месеци откако силна бура го остави заробен среде морската шир, без залихи и без можност да повика помош. Како што самиот изјави за медиумите, преживеал собирајќи вода од дождови и јадејќи риби и морски желки.

Па, што би требало вие да направите ако се најдете заробени на море? Францес и Мајкл Ховорт, автори на „Морскиот водич за преживување“ можеби го имаат одговорот:

MANUAL_survival 01

ЗАСОЛНИШТЕ: Не фрлајте ништо од облеката и ништо платнено – повеќе слоеви можат да ве стоплат за време на студените ноќи. За време на жешките денови, пак, префлете дел од облеката или ткаенините преку главата.

ВОДА: Никогаш не пијте морска вода. Ако имате мантил за дожд, отцепете ја качулката („капуљачата“) и искористете ја за да „фатите“, соберете и сочувате дел од дождовната вода. Пластичните кеси и чизмите за дожд се исто така одлични садови за чување на водата. Сепак, најпрво треба да го искористите дождот за да ги исплакнете „садовите“ од морската сол наталожена на нив.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

ХРАНА: Сенката на бродот/чамецот може да привлече риби. За да ги уловите, врзете накит или делови од смартфонот како мамка. Врвките од чевлите или конецот од отплетените чорапи може да ви послужи како рибарски конец. Се што ќе ви остане неизедено, користете го како мамец.

СПАСУВАЊЕ: Опуштете се и барајте познати форми во облаците за да се изборите со досадата и лошите мисли. Сепак, бидете на штрек за авиони и бродови. Ако забележите еден од нив, користете џебно огледало или екран од смартфон за да ја рефлектирате сончевата светлина кон потенцијалните спасители. Сигналот може да биде забележан и на растојание од 16 километри, за време на сончеви денови.

- Реклама -