Совети за патување на идните мајки

Ако сте возбудени за годишниот одмор што наближува, но во исто време сте загрижени дека ќе бидете премногу изморени или дека нема да ви биде удобно за време на патувањето поради бременоста, тогаш прочитајте ги следните неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат полесно да се опуштите…

Со добро планирање до помалку стрес

trudnica

Одвојте повеќе време од вообичаено за детално планирање на одморот. На тој начин ќе останат многу малку работи што може да ве изненадат попатно. Понесете доволно храна и пијалаци и не тргнувајте на премногу долги патувања, за да не се истоштите. Одвојте повеќе време и за патувањето, бидејќи сигурно ќе ви бидат потребни и неколку паузи.

Релаксирајте се

Бременоста нема да ви дозволи да го поминете одморот како секоја друга година (непрекинато шетање по продавници, разгледување знаменитости, планинарење, водени спортови итн.), затоа што треба повеќе да се одмарате. Запрете и земете здив секогаш кога ќе почувствувате замор, без разлика дали се работи за лежење во кревет, читање на плажа или пак лебдење во водата.

Доволно храна и пијалаци

505231

Во текот на бременоста честото внесување храна и течности е клучно за одржување на здравјето и доброто расположение. Ако поминете повеќе од два-три часа без храна или пијалаци, може да ви се слоши или да добиете вртоглавица. Затоа спакувајте си доволно ужинки (на пр. сушено овошје и чоколатца) и пијалаци (пред сѐ вода!) во рачниот багаж. Јадете и пијте секогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Што да правите на одмор?

Топлото време и влажниот воздух сами по себе можат да ве истоштат во текот на бременоста, дури и ако сте во првите месеци. Затоа, заборавете на сите напорни и авантуристички активности на кои можеби сте навикнати. Она што можете да го правите е: лесно пешачење, пливање, јога, да уживате во масажи, да одите во шопинг итн.

Што да спакувате?

Со себе понесете широка, лесна и удобна облека во сите бои и дезени. Периодот додека чекате да станете мајка треба да биде означен пред сѐ од удобност и лежерност. Секако, не заборавајте, пред тргнувањето да проверите дали костимот за капење ви е точен или треба да си купите нов, бидејќи телото брзо ви се менува.

Pregnant-women-and-dolphins

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -