Совети за фантастичен секс под туш

Секси сцените од филмовите ве инспирирале да се впуштите во оваа мокра авантура, но сте сфатиле дека тоа не е секогаш толку секси.

Пронаоѓањето на вистински пози, одржувањето на влажноста со оглед на тоа што водата постојано тече, ве тера да помислите дека е подобро оваа идеја да ви остане само како дел од фантазијата. До сега. Сексот под вода може да биде секси. Всушност може да биде фантастичен.

Подготовка, низок старт, сега!

Да бидеме искрени сексот под туш е лизгав и опасен. Секс тренерот Ребека Бенетау препорачува под тушот да започнете предигра, сензуални движења, лесни сапунести галења и топла вода. Кога ќе бидете сосема загреани и подготвени, излезете и започнете акција во кревет. Туширањето е супер, доколку подоцна посакате анален секс.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Пронајдете ја вистинската поза

Сексот под туш е вистинско место, доколку сакате да експериментирате со некои фантазии, кои до сега можеби ви изгледале премногу валкани, бидејќи туширањето е совршен начин да останете чисти. Пронаоѓањето на вистинските пози е клуч за уживање под тушот. Лице во лице, нејзината нога е обмотана околу вашето тело или пак на ѕидот или страната од кадата. За жал, водата не спречува триење и сушење, па користете лубриканти за да ги одржите нештата адекватни.

Не престанувајте

Хот и секси активности под тушот, можат дополнително да ве загреат, така што ќе ја пренасочите забавата во спалната соба. Промената на просториите и студениот воздух можат да ве освежат и да ја загреат вашата фантазија.

- Реклама -