Совети за блескава и чиста кујна

Во срцето на домот е најпријатно, но баш поради тоа важно е главните елементи во кујната да бидат чисти и уредни – ладилник без мирис, полици без инсекти…Доколку вашиот ладилник мириса непријатно, лесно ќе ја неутрализирате миризбата доколку во него чувате шолја со прашок за пециво. После два месеци, стариот прашок заменете го со нов.

Сипете прашок за пециво по потеката низ која се движат мравки, па така тие брзо ќе се повлечат. Повеќе се бркање на мравките ТУКА.

Ако горниот дел од шпоретот потемнел, ќе му го вратите сјајот триејќи од него пресечена главица кромид.

Мирисот кој се шири од готвење на зелка ќе го неутрализирате ако му додадете лажичка шеќер.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

На кристалните и стаклените садови ќе им го вратите сјајот, доколку пред миењето ги истријте добро со каша од еднаква количина оцет и иструган сиров компир. Садпвите измијте ги со млака вода, никако со ладна и веднаш избришете ги со памучна крпа.

Во алуминиумските садови кои поцрнеле од употрева сварете кора од јаболка и тие ќе ја вратат бојата.

- Реклама -