Совет од Алберт Ајнштајн, до неговиот син

Во 1915 година, кога имал 36 години, Ајнштајн живеел во Берлин, додека неговата сопруга, со која се разделиле, и неговите двајца синови, Ханс Ајнштајн и Едвард Тете Ајнштајн, живеат во Виена.

На 4 ноември, кога штотуку го завршил ремек делото коe ќе му донесе светска слава – теоријата на релативноста, Ајнштајн му пишува на својот 11-годишен син Ханс Алберт:

Драги мој Алберт,

Вчера го добив твоето скапоцено писмо и многу се израдував. Почнав да се плашам дека повеќе нема да ми пишуваш. Кога бев во Цирих ти ми кажа дека ти е непријатно кога доаѓам. Мислам дека е подобро да се гледаме на друго место каде што никој нема да го нарушува мирот. Во секој случај ќе инсистирам секоја година да поминуваме по еден месец заедно, па да видиш дека имаш татко кој те сака. Освен тоа можете да дознаете многу добри и убави нешта од мене, нешто што друг не би можел така лесно да ви го понуди. Она што сум го постигнал со толку многу макотрпна работа не треба да биде само за непознатите, туку пред сè за моите момчиња. Деновиве завршив едно од најубавите дела во животот. Кога ќе пораснеш, ќе ти раскажам повеќе за него. Многу сум задоволен што наоѓаш радост во пијаното. Тоа и дрводелското се според мое мислење најдобрата определба за вашата возраст, подобри дури и од училиштето. Бидејќи тоа се работи кои одговараат многу добро на млад човек како тебе. Важно е да свириш на пијаното претежно работи кои ти се допаѓаат, дури и ако наставникот не ти ги дава за домашно. Ова е начинот да учиш најдобро – кога правиш нешто со такво задоволство што не забележуваш како поминало времето. Јас понекогаш сум толку проголтан од работа, што заборавам за ручекот …

Ве бакнувам тебе и Тете.

Поздрави ја на мама.

Тато

Мисла на денот

Алберт Ајнштајн

- Реклама -