Состојка во маслиновото масло ги уништува клетките на ракот

Состојка во екстра девственото маслиново масло е во состојба да уништи за неколку минути разновидност на канцерогени клетки, без да влијае на здравите, според резултатите од едно американско истражување.

Научниците знаат дека состојката олеокантал има својство да ги уништува клетките на ракот, додека не влијае здравите, но досега не биле свесни за тоа како точно се одвива процесот. Авторите на оваа студија од Универзитетот Ратгерс во САД утврдиле дека соединението нишани директно во клучен протеин во клетките на ракот, кој предизвикува програмирана клеточна смрт, позната како апоптоза, и решиле да ја тестираат оваа хипотеза.

Применувајќи олеокантал врз клетките на ракот, научниците со изненадување утврдиле колку брзо се уништува соединението – за 30 до 60 минути. За споредба – ефектот од програмираната клеточна смрт се појавува по 16 до 24 часа. Откритието ги поттикнало специјалистите да потврдат дека и други фактори играат улога во уништувањето и смртта на клетките на ракот.

Прочитајте и:  Хрватска научничка си инјектирала вируси во ракот и резултатите се одлични

Истражувачите утврдиле дека сопствените ензими на клетките ги убиваат. Се покажало дека олеоканталот ги пробива секреторните меурчиња на канцерогените клетки – контејнери, што го складираат клеточниот отпад. Како резултат на пробивањето се излеваат ензими кои ја предизвикуваат клеточната смрт.

Пол Бреслин од истражувачкиот тим тврди дека соединението не штети на здравите клетки, само ги „приспива” привремено, со тоа што ги запира за околу 24 часа нивните витални циклуси. Следната цел на експертите ќе биде да го испробаат ефектот од олеокантала врз клетките на ракот во живи организми. Истражувачите сакаат да разберат исто зошто канцерогените клетки се почувствителни кон соединението, за разлика од нормалните клетки.

- Реклама -