Ова би можело да биде идеална играчка за децата заробени во тела на возрасни богаташи – Астон Мартин кој можете да го создадете сам.
Секој што во детството составил пластична реплика на авиони и тенкови од Втора Светска Војна ќе ги препознае индивидуалните делови кои чекаат да бидат составени. Но оваа реплика ќе ве чини околу 25.000 фунти на аукцијата на Goodwood Revival фестивалот идниот месец.
Дизајниран во чест на Астон Мартин DBR1 кој победил на 24 часовната трка во Ле Ман во 1959 година и има димензии од 6,4 метри должина и 3,35 метри висина. Моделот е рачно изработен во Evanta Motor Company во Хертфордшајр, чиј специјалитет е создавање на модерни верзии на класични автомобили.
Моделот содржи школка на DBR1 од композитни материјали поделена на две половини, светла, ветробрански стакла, четири 16 инчни жичани бандажи со тркачки гуми од Dunlop и трокраки спинери од Астон Мартин. Во дизајнот е опфатен и 15 инчен ‘Mota Lita’ управувач со дрвен обрач, пар тркачки седишта, менувач од алуминиум и инструмент табла прекриена со црн сатен.
Купувачите на моделот ќе добијат и реплика на Ле Ман трофејот и капа потпишана од двајцата возачи во познатата трка од 1959 година: Американецот Карол Шелби и Британецот Рој Салвадори. Таа победа се смета за една од најдобрите победи на Астон Мартин која дошла како крај на слаба сезона во Светскиот Шампионат за Спортски Автомобили. [Le Mans Winning Aston Martin DBR1 imagined as a life-sized model]