Состанок во Милан за иднината на Анте Ребиќ, но и за најголемиот талент на Хајдук

Според „Калчомеркато“, во Милано е поранешниот фудбалер на Хајдук, Тмислав Ерцег кој сега работи како фудбалски менаџер, тој ќе има состанок со челниците на Милан за иднината на Анте Ребиќ, но ќе разговара и за младиот Лука Вушковиќ од Хајдук.

Ерцег работи за агенцијата на ЛИАН Спортс груп, која е во сопственост на големиот агент Фали Рамадани. Тој во Милано оди како претставник на Анте Ребиќ и со челниците на Милан ќе зборува за иднината на фудбалерот.
 
Ребиќ има една од најголемите плати во Милан, 3,5 милиони евра годишно, но неговата игра оди од лошо на полошо. Сепак росонерите не планираат да го продадат, ќе се обидат да му помогнат да ја крене формата.
 

- Реклама -