Реал Сосиедад со 2-0 славеше на гостувањето кај Лион, Милан одигра 1-1 против ПСВ во Ајндховен, Марибор и Агим Ибраими со 3-1 беа поразени кај Викторија Плзен.
Поради предноста на домашниот терен, Лион влезе како благ фаворит во пресметката со Реал Сосиедад, но на крајот шпанскиот претставник славеше и се наоѓа на чекор до фазата по групи во Лигата на Шампионите.
Гризман во првото постигна одличен погодок со ножички, Шеферовиќ во второто полувреме ги постави конечните 2-0 за Сосиедад.
Со добар резултат се враќа и Милан, Росоњерите одиграа 1-1 на гостувањето кај ПСВ во Ајндховен.
По само 15 минути игра, Ел Шарави со глава му донесе водство на Милан, но по исто толку минути игра во второто полувреме Матавз искористи грешка на Абиати и го изедначи резултатот.
Агим Ибраими и неговиот Марибор со пораз од 3-1 се вратија од гостувањето кај Викторија Плзен.
Нашиот репрезентативец играше до 88. минута кога беше заменет, во самиот финиш Марибор го прими третиот гол па ќе има тешка задача во реваншот да го надополни загубеното.
Зенит веќе се смета за патник во групната фаза откако со убедливи 4-1 славеше на гостувањето кај Пакос Фереира.
Ѕвезда на натпреварот беше Широков кој постигна хет-трик.
Селтик доживеа незгоден пораз на гостувањето кај Шахтар од Казакстан, Шкотите загубија со 2-0.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал