Соседите може да бидат од голема помош кога треба некој да ви го причува станот или да ви ја земе поштата кога не сте во градот. Па, иако повремено се потпираме на луѓето кои живеат покрај нас, постојат неколку работи кои едни на други нема да си ги кажеме никогаш.
Не мислам дека детето ти е толку слатко
Вашите соседи веројатно не се толку воодушевени кога вашето дете по цели денови трча и ја лупа топката по станот или по цела ноќ вришти и плаче. Веројатно ќе ви го кажат тоа по 48 часа неспиење.
Сѐ што зборувате се слуша низ ѕидовите
За сите кои живеат во зграда, па дури и за некои во куќи, тоа е проблем. Вашите соседи веројатно слушнале за што сте се карале минатата ноќ.
Гледаат во вашиот дом кога ќе се стемни
Можеби треба да размислите за дебели завеси затоа што низ тенките се гледа сѐ. И повеќе од тоа што сакаат да видат.
Секогаш постои некој „луд“ сосед
Кога сте се распрашувале за соседството ви кажале само позитивни работи и заборавиле да го спомнат чудакот во близина, на пример некој што фрла огномет или петарди од балкон само од за него јасни причини.
Ви го крадат Интернетот
Се прашувате зошто Интернетот ви е спор? Соседот веројатно нема да ви каже ако се „изгребе“ малку од вашата мрежа. Време е да ставите лозинка или да ја смените старата.
Вашето готвење не мириса убаво
Посебно ако е во прашање зграда веројатно многу често го чувствувате туѓото готвење и не уживате во него. Исто така и вашиот сосед веројатно нема да дојде да ви се жали ако аромата од вашето динстано место ја умирисало неговата свежо испрана облека.
Имаат проблем со мравки, лебарки или нешто полошо
Иако тоа би била корисна информација за да преземете превентивни мерки, голема е веројатноста дека соседите нема да се пофалат со проблемот со овие паразити.