Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални беше блиску до ослободување, преку размена на затвореници, изјави Марија Певчик, соработничка на Навални, повторувајќи ги тврдењата дека тој бил убиен од претседателот Владимир Путин.
Певчик рече дека разговорите за размена на Навални и двајца неименувани американски државјани за Вадим Красиков, од руската безбедносна служба ФСБ во затворот во Германија, биле во завршна фаза во моментот на неговата смрт.
Навални почина во затвор во петокот на 16 февруари, а Федералната казнено-поправна служба за Јамало-ненецкиот округ соопшти дека се чувствувал лошо по утринската прошетка и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран.
Навални служеше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, за, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзини активности, а беше познат и како остар критичар на Кремљ.