Сопругите на диктаторите

Тие се диктатори – ги управуваат земјите речиси еднолично , познати се по кршење на човековите права , цензурирање на печатот и опозицијата . И додека за светот се кошмар за некоја жена тие се сопругот , со кој живее . Погледнете  кои се жените до современите диктатори :

Ана Паула дос Сантос сопругата на претседателот на Ангола Хозе Едувардо дос Сантос

1

Таа е поранешен модел. Се запознала  со сопругот , додека била стјуардеса , а тој патник во авионот. Подоцна завршува право . Ја опишуваат  како елегантна дама.

Дос Сантос управува од 34 години , од кои во 27 се води граѓанска војна. Постојат бројни сведоштва за злосторствата , масакри и репресии извршени со негово знаење.

Сабика бинт  Ибрахим Ал Калифа

2

Таа е сопруга на Кралот на Бахреин , Хамад бин Иса Ал Калифа.  Таа е првата сопруга на кралот. Имаат 4 деца . Таа е бранител на правата на жените , така што ги охрабрува да гласаат . Семејството на нејзиниот сопруг го управува Бахреин од 1783 година.

Во 2002 Хамад се прогласи за Крал , а  пред тоа беше Емир . Amnesty International го обвинува за репресија и тортура на луѓе (вклучувајќи и деца) .

Шантал Бија

3

Сопруга на претседателoт на Камерун,  Пол Бија. Позната е со стилот и особено со фризурата . Ги сака Dior и Chanel . Таа е помала од нејзиниот сопруг за  37 години и е член на клубот African Synergy – во кој членуваат сопругите на 22 претседатели во Африка . Нејзиниот сопруг управува со земјата од 30 години . Во 2008 година тој ги укина ограничувањата за ограничување на функцијата претседател , за  да може да владее вечно .

Хидна Деби

4

Сопруга на претседателот на Чад,  Идрис Деби Итно.

Таа е најпознатата прва дама во земјата ( сопругот бил оженет неколку пати ) . Нејзиниот сопруг доаѓа на власт со воен удар ( помогнат од САД) во 1990 година. Тој одигра клучна улога во ескалацијата на војната меѓу Чад и Судан , користejќи  деца во армијата.

Константа Манге

5

Сопруга на претседателот на Екваторијална Гвинеја,  Теодоро Обијанг Нгуема Мбасого.

Основала агенција за заштита на правата на децата и жените .

Најголемиот нејзин син ќе ја преземе власта по сопругот.

Нејзиниот сопруг доаѓа на власт по државниот удар. За него зборуваат дека јадел делови од телата на своите непријатели , бидејќи верува дека така добива сила . Тој е на власт од 35 години , што е рекорд во Африка . Постојат гласини дека е болен од рак.

Зејнаб Сума

6

Таа е сопруга на претседателот  на Гамбија,  Јахја Џаме.

Во 2010 година нејзиниот сопруг зеде помлада втора жена , а таа замина за САД во знак на протест. Двајцата имаат две деца. За нејзиниот сопруг се зборува дека е параноичен и пратил многу луѓе од својот најблизок круг  во затвор , само затоа што ги сомничел  за „кроење“  на планови против него . Тој тврди дека може да лекува СИДА со билки. Според некои има биполарно ментално растројство .

Ранија Ал Абдула

7

Сопругата  на Кралот на Јордан,  Абдула Втори.

Родена е во Кувајт , а нејзините родители се Палестинци . Западните списанија ја фалат за нејзината убавина.  Нејзиниот сопруг е во многу добри односи со САД .

Сара Назербајева

8

Сопруга на претседателот на Казахстан,  Нурсултан Назербајев.

По професија е инженер . Неодамна зборуваше против посвојување на казахстанските деца во странство . Нејзиниот сопруг е на чело на земјата од 21 години. Тој е обвинет за цензура на медиумите , ограничување на слободата и др.

Ри Сол – Жу

9

Сопруга на лидерот на Северна Кореја,  Ким Јонг Ун

За неа се дозна едвај минатата година, откако нејзиниот сопруг навестуваше војна со САД.  За неа не се знае речиси ништо , освен дека е од богато корејско семејство.

Џенет Каган

10

Сопруга на претседателот на Руанда,  Пол Каган.

Таа се врати во родната Руанда по геноцидот од 1994 година. Се занимава со добротворна дејност .

Кралот на Саудистка Арабија,  Абдула бин Абдулазис Ал Сауд има над 30 жени

11

Во Саудиска Арабија нема прва дама . Кралот има 30 жени . Во земјата бракот се користи за создавање на дипломатски односи . Неговиот татко се оженил за ќерките на сите локални лидери на племиња .

Самиот Ал Сауд има 35 деца од своите сопруги .

Тој го наследува престолот од неговиот татко во 2005 година. Во земјата нема никаква транспарентност на управувањето , се сечат глави за повеќето мали престапи .

Инкосикати ЛаМбиказа

12

Сопруга на кралот на Свазиленд, Мсуати Втори.

Таа е „првата жена” , од вкупно 15 . Се омажила за кралот на 16 годишна возраст . Завршила право , иако го нема право практикувано. Има издадено албум со госпел музика. Кралот има право да венчава  нова жена секоја година. Четири жени избегале од харемот , поради „ малтретирање ” .

Асма Ал Асад

13

Сопруга на претседателот на Сирија, Башар Ал Асад.

Земјата е поделена од граѓанска војна , а личната состојба не претседателот веќе надмина 1 милијарда долари . Двајцата се запознале во Лондон , каде што таа работела во JP Morgan , а тој учел медицина. Се оженил  непосредно откако ја преземал претседателската функција од неговиот татко во 2000 година.

Таа е контроверзна фигура поради зависноста со шопинг на скапа облека и фотографиите на  Instagram .

Татјана Каримов

14

Сопруга на претседателот на Узбекистан,  Ислам Каримов.

Двојката во моментов е поделена .

Постарата  ќерка ја обвини во Twitter дека прави магии.

По професија првата дама е економист . Каримов е на власт од 1989 година.

Силија Флорес

15

Сопруга на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Пред 19 години ги запознал Хуго Чавез . Во тоа време таа била  адвокат и дел од тимот на Чавез , а Мадуро  негов телохранител .

Грејс Мугабе

16

Сопруга на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе.

Таа е помлада од својот сопруг со 41 година. Била негова секретарка , а во 80-тите години му станува љубовница . Сака да оди на шопинг во западните земји и да троши државни пари . Нејзиниот сопруг е на чело на земјата од 1980 година.

- Реклама -