Сопругата на Шумахер го продава неговиот авион

Авионот Falcon 2000EX за осум патници и со иницијалите на Шумахер се продава за 20 милиони долари, објави весникот “Билд”. Сопругата на седумкратниот шампион на Формула 1, Михаел Шумахер, кој од декември 2013 година до јуни оваа година беше во кома, го продава неговиот авион.

Шумахер доби сериозни повреди на главата, додека скијаше на  француските Алпи на 29 декември 2013 година и долго време беше во кома.

На крајот на јуни лекарите соопштија дека натпреварувачот излегол од кома по 6,5 месеци и се пренесува во рехабилитациона клиника во Лозана. Тогаш неговата сопруга Корина соопшти дека состојбата на Шумахер постепено се подобрува.

Прочитајте и:  Единаесет лица повредени од силни турбуленции на летот на „Луфтханза“ од Буенос Аирес за Франкфурт
- Реклама -