Сопругата на Фрчкоски е новиот адвокат на Јанева

Откако адвокатот Стеван Павлески меѓу Катица Јанева и обвинетите во случаите на СЈО ги одбра овие вторите, нов застапник на третоосомничената во случајот „Рекет“ е адвокатката Ирена Фрчкоска, објави „360степени“.

Фрчкоска е сопруга на универзитетскиот професор и поранешен министер – Љубомир Фрчкоски.

Таа, за разлика од Павлески, кој тврдеше дека ќе докаже дека Јанева е жpтва, Фрчкоска засега не коментира околу вмешаноста на Јанева во случајот „Рекет“, со образложение дека сѐ уште нема направено увид во доказите. Повеќе ТУКА.

Фото: Фејсбук

 

- Реклама -