Сопругата на Бекам шокира: „Леле, ова е болно!“

Социјалните мрежи се преполни со коментари- што мислите вие?
Новата колекција на Викторија Бекам за есен-зима 2015/2016 ја одбележаа прилично бизарни фотографии. Моделите на фотографиите се прикажани во необични пози кои алудираат на несвестица и смрт, лежејќи на под или столица. Според зборовите на Викторија, оваа колекција го отелотворува „независниот дух на ВБ девојките.“

B_Pf9czXIAA55wy

Но, на многумина им е тешко на тој начин да ја доживеат колекцијата, токму поради необичните и малку морбидни фотографии.

B_PLFfYW8AAS2c- (1)

„Нејзината нова колекција изгледа како смрт“, „Мода? Боже мили!“, „Леле, ова е болно!“, се само дел од коментарите оставени на Твитер. Викторија, без сомневање, знае како да го привлече вниманието на јавноста на себе и она што го работи.

B_PLF0AXAAATxsq B_PLFqHW4AA2SO5

Инаку, колекцијата содржи парчиња од класичен материјал како твид и кожа, со кои дизајнерката имагинативно си поиграла за да ги создаде модните парчиња.

B_PX6HyUQAAmqET

„Ова е мода со изјава која е погодна за носење. Тоа е софистицирана колекција со став“, рекла успешната дизајнерка.

 

- Реклама -