Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет – Gostivarpress.mk

РЦУК – Тетово, известува дека денес (12.01..2025) во северозападниот  регион по обилните врнежи од снег кои се уште траат сообраќајот на магистралните и регионални патни правци се одвива отежнато со многу слаб интензитет во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите по интервенцијата на службите на Македонија пат и на службите за регионално одржување на патните правци. Висината на снежната покривка е од околу десет сантиметри во пониските места, додека на повисоките места е поголема. Активни забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Тетово- Попова Шапка, Гостивар-Стража-Кичево , како и Гостивар-крак Маврово- Дебар.
„Од службите за локално одржување во градските улици се излезени на терен и се чистат главните улици, додека споредните ќе се чистат по однапред утврден план со приоритет за пристап до болници и други места од јавен интерес. Во селата се врши чистење на главните улици од страна на ЕЛС кои се надлежни за зимско одржување.“, информира ЦУК.
Од таму додаваат дека снабдувањето со електрична енергија во северозападниот регион е редовно и засега не се бележат пријави за прекини, исто така нема пријави за проблеми за доставување на намирници за исхрана.

Извор