Изразот „сообраќаен шпиц“ автоматски асоцира на огромни толпи луѓе, автомобили и автомобилски свирки. Секој некаде брза, дали на бизнис средба или некаква административна обврска, друг да обави приватни задолженија за време на работното време. Сеедно, „шпицот“ во сообрајаќот е универзална појава и го има во секоја земја. Додуша, обликот знае да варира.