Сообраќаен тест за Балканци

zid
Кога не може да оди пријателот, го креваш на рамо/ Фото:Ѕид на сообраќајниот срам

1. Полицаец те застанува поради пребрзо возење, ти…

а. Ќе го прашам дали го продава автомобилот
б. Ќе се преправам дека сум глув
в. Ќе зборувам истовремено со него: Добро вечер господине, возачката и сообраќајната ќе ве молам.
г. Ќе се ракувам со него ко да сме другари

2.Што не смее да фали никогаш во автомобилот?

а. Мито од десет евра во возачката
б. Слатко за полицијата
в. Гајба пиво на седиштето на сувозачот, нормално, врзано
г. Шминка, огледалце, римел

3.Влегувате во населено место, колку е ограничувањето?

а. Малку успорувам
б. 50, нормално
в. Престроги се правилата
г. Оптимални 75

4.Зад тебе вози некој со запалени долги светла. Ти…

а. Како воопшто да знам кога му се долгите запалени?
б. Ќе возам побавно за да ме престигне
в. Ќе притиснам гас за да му побегнам
г. Ќе му дозволам да ме престигне, па ќе му пуштам јас после долги

- Реклама -