Сообраќаен метеж заглавен 70 години во белгиските шуми

Овие страшни апокалиптични фотографии не се сцена од „Живи мртовци“, туку тие биле направени во едно од најголемите гробишта за автомобили во светот – Chatillion Белгија. Според урбаната легенда овие автомобили биле оставени од страна на американските војници од Втората светска војна, кои не можеле да ги вратат назад кон САД, па одлучиле  да ги скријат во шума додека  повторно да се вратат по нив.

Локалните жители не се согласуваат, тврдејќи дека се работи за стара депонија од возила направени по  Втората светска војна.

Во еден момент имаше четири гробишта на автомобили во Chatillon со околу 500 ретро возила. За жал, повеќето од автомобилите биле украдени или отстранети од страна на локалното население.

chatillon-car-graveyard-abandoned-cars-cemetery-belgium-10 chatillon-car-graveyard-abandoned-cars-cemetery-belgium-8 chatillon-car-graveyard-abandoned-cars-cemetery-belgium-4 chatillon-car-graveyard-abandoned-cars-cemetery-belgium-2 chatillon-car-graveyard-abandoned-cars-cemetery-belgium-1

 

 

- Реклама -