Sony Xperia Z1 се одликува со метална рамка

На интернет се појавија фотографии на паметниот телефон Sony Xperia Z1. Единствената разлика на новиот модел во споредба со неговиот претхидник е металната рамка.

На надворешен вид, Xperia Z1 е ист како моделот Xperia Z. Уредот ќе се продава во три бои, црвен, бел и виолетов. Со додавањето на металната рамка околу кукиштето Sony се цели да ја зголеми цврстината на уредот или да ја искористи рамката како антена, исто како кај iPhone. Xperia Z1 ќе биде претставен на 4-ти септември на изложбата IFA 2013 во Берлин. Моделот има четиријадрен процесор Qualcomm Snapdragon 800 со тактова фрекфенција 2,2 GHz и платформа Android.

Освен тие карактеристики, Z1 може да се пофали и со 5-инчен Full HD екран 2 GB оперативна меморија, камера со 20,7-мегапикселов сензор Exmor RS,обектив Sony G и процесор за обработка на фотографии BIONZ.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -