Јапонскиот оператор NTT DoCoMo се подготвува за претставувањето на 15-ти мај на најновите производи и еден од телефоните за кои се верува дека ќе биде објавен е токму Sony Xperia A. Всушност, овој телефон веќе помина низ комисијата за одобрување и некои од неговите спецификации се веќе познати.
Xperia A се чини дека ќе биде уште еден високо квалитетен уред на Sony за 2013 година, а има и некои слични карактеристики со Xperia Z. Една од нив е екранот од 5 инчи со резолуција од 1080 пиксели. Xperia A има сличен дизајн со Sony OmniBalance и батерија од 2300mAh која се отстранува за разлика од онаа Xperia Z и ZL.
Копчето за вклучување е од десната страна и потсетува на Xperia Z, како и главната камера од 13MP на задната страна. Телефонот има вградена меморија од 16GB, но се уште нема информација дали може да се надгради.
Всушност, една од главните карактеристики на Xperia A сеуште не е позната, а тоа е неговиот процесор. Се претпоставува дека телефонот ќе го има вградено чипот S4 Pro на Xperia Z. За среќа, нема да чекаме многу за да ги дознаеме сите детали, бидејќи веќе е закажано претставувањето за 15-ти мај.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk