Sony Vaio Tap 11 – Секси таблет

Sony Vaio Tap 11 е убедливо еден од најдобрите таблети кои работат на оперативниот систем Windows 8 благодарение на јапонската естетика во дизајнот, како и примената на одлични компоненти во внатрешноста. Sony Vaio Tap 11 може да се пофали дека е еден од најефикасните таблети со минимални димензии и со цело право ги освои најдобрите коментари и оценки. Од друга страна пак Sony го продаде брендот на таблети и лаптоп компјутери Vaio така што ова е еден од нивните последни и највлијателни уреди од оваа категорија.

Дизајн и додатоци

Токму дизајнот на Sony Vaio Tap 11 ќе ги убеди корисниците дека поседуваат високо квалитетен таблет од премиум класата кој не само што одлично функционира, туку изгледа беспрекорно и е симбол на јапонската умешност и технолошка напредност. Таблетот е еден од најтенките во својата категорија со само 10 милиметри, додека неговата тежина изнесува 770 грама.

Во конструкцијата обложена со магнезиум се вклучени сите неопходни додатоци за модерен таблет како што е потпирач за екранот, додека пак дополнителната физичка тастатура лесно се прикачува на магнети и служи како заштитна прекривка за екранот и истовремено како дополнителна батерија. Windows уредите имаат една голема предност, а тоа е токму употребата на сите видови на конекции како USB 3.0 порт и mini HDMI излез. Таблетот може да работи и со microSIM картичка за мобилна конекција и користење на 3G интернет.

Дисплеј

Sony Vaio Tap 11 има одличен 11.6 инчен Triluminous LCD дисплеј со Full HD резолуција од 1920 x 1080 пиксели што сосема е доволно за покривање на целата површина на екранот со густина на сликата од 190 пиксели на еден инч. Со ваква технологија на дисплејот Sony овозможува да го користите таблетот во секаква положба бидејќи видливоста е непроменлива дури и од најекстремните агли, за разлика од лаптопите кои и со мало поместување ја губат видливоста. Покрај тоа со сигурност ќе уживате во високо деталната слика со одлична осветленост за надворешна употреба на отворено.

Софтвер

Sony Vaio Tap 11 работи на 64 битната верзија на Windows 8, а напредните корисници може да го добијат и Windows 8 Pro пакетот кој содржи повеќе софтверски додатоци, но е и за нијанса поскап. Во Modern UI интерфејсот на Windows 8 почетното мени е организирано со новите Ties икони и подредени се повеќе видови на апликации на кои се прикажуваат најновите информации за истите со што се добива една интерактивна и модерна работна површина. Исто така корисниците ќе може да ги инсталираат и сите постари програми за Windows и ќе имаат огромна предност во делот на функционалноста со вклучениот Office пакет, како и сите десктоп верзии на интернет сервиси кои работат исто како и на било кој персонален компјутер. Токму тука е една од најголемите предности на хибридниот таблет Sony Vaio Tap 11 кој преку Windows 8 платформата може да се претвори во мини лаптоп.

Хардвер и перформанси

Најевтината верзија на Sony Vaio Tap 11 работи на основниот Pentium 3560Y процесор, додека пак за стотина долари повеќе може да го надградите системот со моќните процесори на Intel Haswell од сериите Core i3, Core i5 па дури Core i7 кој е и најскап со цена од околу 1200 долари. Основниот Pentium чипсет доаѓа со вградената Intel HD 4000 графичка картичка која исто така нема премногу можности во делот на гејмингот и други сложени визуелни операции. Во почетната листа на спецификации се вбројуваат и 4 GB RAM и 128 GB меморија. Батеријата има капацитет од 3800 mAh која се чини дека е недоволна за постојано користење на таблетот бидејќи според Sony со едно полнење може да работите околу само 5.5 часа што е многу пониско од вообичаеното.

За интернет прелистување е искористен најновиот Internet Explorer 11 кој има подршка за Adobe Flash, но доколку не сте задоволни од функциите може да го инсталирате било кој друг интернет прелистувач како што се одличните Google Chrome, Mozila или Opera. Од останатите поврзувања присутни се слот за SIM картичка и можност за работа на 4G мобилна и интернет коненкција, како и стандардните Wi-Fi, Bluetooth 4.0, DLNA и NFC. На врвот на таблетот се наоѓа и IR сијаличка со која преку infrared може да управувате со различни електронски уреди, слично како со универзален далечински управувач. Таблетот има и Full USB 3.0 порт, додека преку HDMI излезот преку кабел лесно може да го поврзете таблетот со телевизор или HD монитор.

Камера

Таблетот има одлична главна камера со Exmor RS  сензор од 8 мегапиксели, додека пак предната камера има разбирливо послаб  Exmor R сензор од 1 мегапиксел и со неа може да воспоставувате HD видео повици преку Skype или некоја друга апликација за комуницирање. Сликите со главната камера имаат пристоен квалитет со висок степен на деталност, репродукција на бои и осветленост и исто така може да снимате HD видеа.

Заклучок

Sony Vaio Tap 11 е супер квалитетен таблет кој најмногу се истакнува со софтверските можности на Windows 8 платформата и тука имате речиси неограничен пристап во различни видови на програми и апликации. Токму затоа уредот со големина на HD екранот од 11 ични е совршен за оние корисници на кои им треба мобилност и брз пристап до различен вид на функции кои може да се споредат со работата на еден персонален компјутер или лаптоп.

Од друга страна пак мора да се истакне дека основниот модел на Sony Vaio Tap 11 има ограничени перформанси заради послабиот хардвер, што значи дека потребно е да се издвојат повеќе пари за подобри компоненти. Токму високата цена од околу 800 долари ќе биде најголема пречка за купување на Sony Vaio Tap 11, но треба да се знае дека речиси сите конкуренти од Windows 8 сферата се премногу скапи, за споредба Microsoft Surface 2 се продава многу поскапо по цена од околу 1000 долари. Еден од најголемите конкуренти во оваа класа етаблетот Nokia Lumia 2520 но, за жал тој работи на скратената верзија на оперативниот систем Windows 8 RT.

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk

 

- Реклама -