„Sony“ снима 3D анимиран филм „Angry Birds“

Продукциската куќа „Sony Pictures“, објави дека ги купила правата за снимање на анимиран филм „Angry Birds“, кој ќе биде направен според познатата игра.

Џон Кохен и Дејвид Мејсел, познати по продуцирањето на „Iron Man“ и „Despicable Me“, се согласиле на заедничка соработка за овој проект, а премиерата за анимираниот филм е закажана за 1 јули, 2016 година.

„Sony не импресионираше со нивниот став и одлучност. Во потполност сме уверени дека го најдовме правилниот тим кој ќе ни помогне да го реализираме овој амбициозен проект“, изјавил Мајкл Хед, директорот на компанијата „Rovio“.

„Секое студио би сакало да ги има „Angry Birds во својата колекција… Навистина сме возбудени што ќе бидеме дел од овој проект, кој е само почеток на нашата соработка со Rovio“, додала Ејми Паскал, потпретседателката на „Sony Pictures“.

Прочитајте и:  Sony најави ретро PS5 и PS5 Pro за прослава на 30-годишнината
- Реклама -