Sony претстави нов смартфон Xperia M

Најновиот претставник на јапонската компанија е смартфонот Xperia M. Телефонот вклучува TFT дисплеј од 4 инчи со FWVGA резолуција и има Qualcomm Snapdragon S4 Plus чип со брзина од 1 GHz со Krait процесор со две јадра, Adreno 305 графики и 1 GB RAM меморија.

Од пакетот за конекција, Sony Xperia M има Wi-Fi, 3G со HSPA, Bluetooth 4.0, NFC и FM радио. Sony го претстави Xperia M како телефон со ‘магични функции само со еден допир’ благодарение на својата NFC конекција и апликации за споделување.

Xperia_M_1

Sony Xperia M работи на Android 4.2 Jelly Bean, и е достапен во 4 бои – бела, црна, виолетова и жолта.

Исто така, Sony Xperia M доаѓа со главна камера од 5 МР која има Exmor RS сензор и можност за правење видео од 720р, предна камера од 0.3 МР за видео повици, како и простор за надградба од 4 GB.

11_Xperia_M_Group_Yellow

Xperia M има верзија која ќе работи и со две СИМ картички, ќе ги има истите спецификации како и обичниот модел со разлика што нема да има екстра слот за СИМ и без опција во жолта боја.

10_Xperia_M_Front_Purple

И двете верзии ќе бидат пуштени во продажба во третиот квартал од оваа година, а цената сега за сега не е позната.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -