Sony демонстрираше компресирање на 4K сигнал

Никој нема да потроши 25.000 долари за неверојатен 84 инчен 4K телевизор ако немаат што да гледаат на него.

За да поттикне почеток на емитувањето Sony демонстрирале систем за сателитски пренос кој јасно компресира 4K сигнали без да го намали неверојатниот квалитет на сликата. Заедно со компанија од Луксембург која врши сателитска дистрибуција, Sony го демонстрирале новиот систем на IBC саемот во Амстердам.

Користејќи ја постоечката H.264 технологија за компресирање, масивниот 4K сигнал бил пренесен преку стрим од 50Mbps, или еквивалент на сигнал со висока дефиниција од 1920×1080. Тоа значи дека, во теорија, постоечкиот хардвер за емитување може да се користи и за пренос на 4K сигнал.

Прочитајте и:  Sony најави ретро PS5 и PS5 Pro за прослава на 30-годишнината

Ова би значело дека претставувањето на 4K телевизорите би можело да дојде многу побрзо, со оглед на тоа што повеќето телевизиски стаици нема да мораат да ја менуваат својата опрема. Но Sony не планира да застане тука.

Во иднината тие планираат да претстават и нова технологија за компресија позната како HEVC – High Efficiency Video Coding – за дополнително да го намалат сигналот на само 20Mbps што би им овозможило да пренесуваат по неколку 4K сигнали истовремено. [Sony Unveils Real-time Transmission System for 4k Video]

- Реклама -