Досега на неколку наврати беа пласирани информации за новиот камера-смартфон на јапонскиот производител Sony кој се води под кодното име Honami. Официјално на 4-ти јули е закажан промотивен настан кој ќе се одржи во Париз.
Претходно беше претставен џиновскиот хибриден смартфон Sony Xperia Z Ultra кој беше нарекуван Togari, што значи преостанува само уште Sony Honami, како врвен смартфон со многу напредна камера со сензор од 20 МP.
Sony Honami други пак сметаат дека ќе биде уникатен мултимедијален смартфон во кој ќе се содржат сите најдобри сервиси на јапонската компанија заедно со очекуваната камера. Таа би поседувала и многу додатоци како Exmor RS сензорот, G Lens, Cybershot, двоен LED и Xenon блиц, Mobile BIONZ обработка на сликите и уште многу други врвни компоненти во хардверот.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk