Антоан Гризман официјално потпиша за Орландо Сити, остварувајќи ја долгоочекуваната желба да настапува во американската МЛС лига. Со преминувањето во клубот од Флорида, францускиот напаѓач повторно ќе се соочи со Лионел Меси, со кого имаше многу дуели во шпанскиот фудбал, пренесува „beIN Sports“.
Гризман (35) потпиша договор со Орландо до крајот на 2028 година. Илиев го напушти Атлетико Мадрид како најдобар стрелец во историјата на клубот и изрази силна желба за трансфер во САД, особено сега, кога се чувствува физички и психички подготвен за нови предизвици.
На својата официјална презентација, тој ги објасни причините за пристапувањето во новата лига.
„Од моите 18 години, сонував да дојдам во МЛС. За мене беше важно да бидам во добра физичка и ментална форма и затоа решив да се откажам од старото и да направам овој чекор“, изјави Гризман.
Тој истакна дека оваа одлука позитивно влијае и на неговото семејство.
„Имав одлична врска со клубот, градот навистина ми се допаѓа, а децата се воодушевени. Ова е неверојатно и неочекувано за нас и се надевам дека можеме да возвратиме со љубов“, додаде тој.
Гризман откри и зошто смета дека Орландо е најдобриот избор за него. Специјалната посета на спортскиот директор Рикардо Мореира во неговиот дом во Мадрид, како што вели, „го допрела неговото срце”.
Победникот на Светското првенство во 2018 година истакна дека неговите соиграчи го оставиле одличен впечаток на првите тренинзи и верува дека неговото искуство ќе биде корисно за клубот.
„Не забележав значителна разлика во квалитетот на фудбалот тука и во Европа“, нагласи тој. „Тука сум за да освојувам трофеи, да се поврзам со навивачите и да им помогнам на моите соиграчи да напредуваат, како професионално, така и лично.“
Тој посебно се радува на дербито на Флорида против Интер Мајами и повторната средба со Меси. Гризман и Аргентинецот играа заедно две сезони во Барселона, а претходно беа долгогодишни ривали во Ла Лига.
„Многу ми кажаа за тоа дерби. Го гледав последниот натпревар“, изјави Гризман.
„Ќе биде задоволство повторно да играм против Меси, но и против Родриго Де Пол, со кого имам многу добар однос“, заклучи тој.




