Сонот го прочистува мозокот од токсини

Мозокот го користи времето за спиење, за да се исчисти од токсините кои се создаваат  за време на засилената мисловната дејност во текот на денот, покажа истражувањето на американските научници. Според нив „системот за отстранување на ѓубрето” е една од главните причини за потребата од спиење. Според истражувањето во текот на спиењето клетките на мозокот се намалуваат, така што отвораат простори помеѓу невроните и им овозможуваат прочистување на мозокот.

Научниците сугерираат уште дека неспособноста на организмот да се исчисти од некои токсични протеини може да има голема улога за појавата на мозочни нарушувања .

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите
- Реклама -