По долги преговори со Министерството за образование и наука и Владата, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, под притисок на членството донесе одлука на 2 септември (првиот учебен ден) да стапи во предупредувачки штрајк.
СОНК не го прифаќа зголемувањето на платите од 5 проценти. Тие бараат платите во основното, средното, виското образование и науката да се зголемат за 25 проценти.
Денеска и покрај обидите од страна на Министерот за образование и наука, Арбер Адеми да го убеди членството на СОНК дека во иднина ќе има зголемување на платите, СОНК одлучи да стапи во предупредувачки штрајк. Тие бараат што е можно поскоро да се се подобри лошиот социо – еконмскиот статус на просветните работници во кој тие се наоѓаат. После бројните протести кои СОНК ги организираше во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, заедно со другите грански синдикати, СОНК своето незадоволство ќе го изрази преку штрајкот.
СОНК заедно со Конфедерацијата на слободни синдикати во последните две години повеќе пати протестираа во повеќе градови барајќи повисоки плати.
Последен пат СОНК стапи во генерален штрајк во 2008. година и тој траеше две недели со позитивен исход.