Сончево и топло со температура до 35 степени

Времето претпладне во Република Северна Македонија ќе биде сончево и многу топло. Од пладне на север и запад малку ќе се зголеми облачноста и во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер (повремено над 70 км/час). Засилениот ветер попладне ќе се прошири вдолж Повардарието. Поради високите температури на југоистокот се уште ќе биде активно жолтото ниво за опасност од високи температури.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје, претпладне сончево и топло, а од пладне ќе започне да дува повремено засилен северен ветер и малку ќе се зголеми облачноста. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во четврток ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови, а ветерот повремено ќе засилува. Дневната температура ќе опадне за околу осум степени. Во петок повторно ќе дува засилен северен ветер, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.

- Реклама -