Истражувачи од Јорданскиот универзитет за технологија и науки, во соработка со Универзитетот Катар дизајнираа соларна кула со технологија со двојна улога на излезно и влезно создавање енергија (twin technology solar system – TTSS). Кулата може да создава чиста енергија и дење и ноќе во сувите пустински предели.
TTSS функционира така што го загрева воздујот на ниво на тлото, а потоа го користи фактот дека топлиот воздух се подига и тој воздух се подигнува во високи кули со турбини во нив. Воздухот се загрева под големиот кров, кој го покрива огромното подрачје за собирање, а е направен како стакленик дизајниран да собере што повеќе топлина.
Од друга страна, кулата за ладење на воздухот го тера воздухот надолу за да ја стартува другата турбина. Во овој дизајн тоа се постигнува со распрскување на фина водена магла во околниот воздух на врвот на кулата, со што го прави поладен и го турка надолу.
Според дизајнот на TTSS, влезната кула е во средината и е опкружена со 10 кули однадвор, така што може да работи и во влезниот и во долниот начин на работа истовремено. Истражувачкиот тим го моделирал концептот на TTSS кулата, висока околу 200 метри и со дијаметар од 13,6 метри, со колектор со дијаметар од 250 m под него.
Дијаметарот на внатрешната разладна кула е 10 метри, што значи дека одоколу има празнина од околу 1,8 метри. Овој јаз е поделен на 10 посебни кули за струја добиена со разладување, со системи за распрскување на вода на врвот и турбини на дното. За концептит е избрана локација во близина на градот Ријад, затоа што топлите пустински предели се идеални за ваквиот дизајн.
Извор: vidi.hr